И Кина запука врз “Исламската држава” во Сирија!

од Vladimir Zorba
83 прегледи

 Кина се приклучи кон Русија и Иран во битката против “Исламската држава” и за зачувување на режимот на Башар Асад во Сирија. Ова го соопшти израелското интернет издание “Дебка датотека”, кое има тесни врски со разузнавачката служба Мосад.

20151004.ezxcvkjqhs

Информацијата е потврдена и од провладиниот весник “Ал Масдар”, кој излегува во Дамаск.Во пристаништето Тартус, што е под контрола на морнарицата на Русија, прикотвен е  кинескиот носач на авиони “Лонин-Си Ви-16”, која е придружена од ракетен крстосувач. Според информации на израелското воено разузнавање Пекинг испраќа во Сирија и ескадрила од најновите, невидливи за радарите ловци бомбардери “Џеј-15 Летечката ајкула”. Дел од борбените авиони се наоѓаат на палубата на “Лонин”, останатите – на воениот аеродром во Латакија.130905kineski_helikopter

Кина се подготвувал да распореди и хеликоптери “зет-18 Еф” за борба со подморници, исто  и хеликоптери “зет-18 Џеј”, кои се опремени да вршат улогата на летови  за  системи за рано предупредување. Кинеските сили ќе вклучуваат и најмалку 1000 маринци, кои во прво време ќе ја обезбедуваат борбената техника. Според израелските воени извори не било исклучено по потреба борците на  империјата  да учествуваат во копнени операции заедно со 1500-те војници на руските морнарица и 900-те борци од исламската гарда на Иран, кои веќе се наоѓаат во Сирија. Пекинг имал посебен интерес да се вклучи во коалицијата со Русија и Иран, бидејќи тоа требало да му даде можност да ги ликвидира кинеските муслимани (Ујгурите) кои учествуваат во меѓународните баталјони на “Исламска држава”. Конфликтот во Сирија давал несекојдневна можност да бидат испробани во борбени услови новите кинески борбени авиони, сметаат воени експерти во САД.

Според Мосад руски војници ќе бидат вклучени во некои од бунтовничките милиции, кои се верни на режимот на Башар Аасад.На овој начин Москва требало да се обиде да прикрие фактот дека ќе почнува и копнени операции во Сирија. Заедно со нив се очекувало против џихадистите да бидат фрлени и “доброволци” од Чеченија. Русија испратила во Сирија и шпионски авион Ил-20 “кут”, кој според експертите може да врши долги летови и да  покрива исклучително голем регион, вклучувајќи територијата на Израел и Ирак.

download (8)

Машината практично е платформа за електронско извидување.Тој е опремен со различни антени, оптички и инфрацрвени сензори кои можат да детектираат подземни бункери и складишта. На него  има модерен систем за сателитска конекција и радар за странично надзор. Западни разузнавачки експерти се сомневаат дека освен шпионската верзија на “Ил-20” Москва веќе префрлила и варијанти “кут-Б”, наменет да се користи како летечки пункт за команда и контрола, сличен на американските авиони АВАКС.

Во меѓувреме, повикувајќи се на информации од Пентагон, телевизијата “Фокс њуз” објави дека руски, сириски и ирански воени команданти направиле координацона  алка во Багдад, за да изработат стратегија за поддршка  од Техеран на  шиитски групи кои се борат против “Исламска држава”. Западното разузнавање открива дека Русија е претставена со тројца генерали. Не е јасно дали во единицата има претставник на ирачката влада. Познато е дека Кремљ преговара со Багдад, за да добие благослов да почне да врши бомбардирања и на ирачка територија. Според “Фокс њуз” ако тоа се случи, оската Москва, Техеран, Дамаск ќе ја зграпчува целосно иницијативата за справување со “Исламска држава”, што е цел на другата коалиција, предводена од САД и опфаќа многу земји од Блискиот Исток.