Накитот од 21 век не е веќе од злато и сребро, туку е “паметен” и ни помага во секојдневниот живот, пишува Indipendent. Откако компјутерите излегоа од мода, дојдоа музичките плеери, паметни телефони и паметни часовници, Apple одлучи да го прошири своето семејство – овој пат со iRing. Компанијата поднела барање за патентирање на “паметни прстени” минатата година.
Тој беше одобрен оваа недела. Прстенот може да ги контролира сите уреди далечински – од телевизорот до вклучување на греењето, без да мора да станувате од каучот. Прстенот може да се поврзе безжично со мобилен, може да пали или гаси светлото, па дури и да ја пушта машината. iRing е наменет да се носи на показалецот и располага со мал екран на допир.
Тој се прифаќа како прв чекор кон создавање на нова генерација технологии како пенкало, кое пишува само, токму како пердувите во книгите за “Хари Потер” на Џ.К. Роулинг. Креаторите на Apple сметаат дека се во состојба да создадат прстен кој го следи движењето на раката и да репродуцира на хартија, тоа што корисникот сака да напише.
