Првичните планови на Facebook предвидуваа да се поврзе целиот свет со интернет, да произведува сопствени сателити, но сега компанијата има и друго решение, пишува TheNextWeb.
Најголемата социјална мрежа се договорија со Eutelsat во 2016 година да почне да испорачува бесплатен интернет во Африка преку постоечки сателит.
Од Eutelsat посочуваат дека капацитетот на сателитот ќе обезбеди директна врска, така што корисниците ќе имаат пристап до интернет, дури и во најоддалечените области на континентот. Facebook работи и со дрони кои ќе испорачуваат интернет, но тестовите на оваа технологија дури сега почнуваат.
Сателитскиот интернет пристап ќе им биде понуден преку Internet.org – непрофитна фондацијата на Facebook, чија цел е да ги поврзе сите луѓе во светот, кои сеуште не се дел од глобалната мрежа. Неодамна Internet.org се соочи со бран од критики за прашањата на интернет неутралноста, поради што голем број на компании повлекоа поддршката за иницијативата.
Ширењето на интернет глобално го забавува своето темпото, најмногу поради тешкотиите да се поврзат оддалечените региони. Facebook планира да се справи со овој проблем, како прв чекор е партнерството со Eutelsat.
