Microsoft претстави два нови премиум смартфони. Станува збор за Lumia 950 и 950 XL.
Вистината е дека се очекуваа овие телефони премногу долго време. Последниот пат кога од Microsoft претставија предводник телефон, беше во април 2014 година Но тогаш видовме буџетска изведба која не блесна со ништо. Сега се очекуваше мобилен телефон кој ќе возбуди и ги натера луѓето да излезат од дилемата “iOS или Android”.
“Сакаме да го ставиме Windows во вашиот џеб”, објави Панос Панаи, шеф на развивачите на премиум уреди на Windows. “Овие телефони навистина ќе прилегаат на компјутерите”, додаде тој.
Lumia 950 доаѓа со 5.2-инчен дисплеј. Процесорот му е 6-core Qualcomm Snapdragon 808, додека 950 XL доаѓа со 5.7-инчен дисплеј со 8-core процесор Qualcomm Snapdragon 810. И двата уреди имаат 20-мегапикселна камера, која според зборовите на Панаи Панос се импресивни на слаба осветленост. Имаат и стабилизација.
Двата телефони се со LED блиц, сликаат 4К видео.
Резолуцијата и на двата телефони е 2560х1440. И двата од овие телефони се со по 3 GB RAM и 32 GB меморија, имаат и слот за microSD картичка. Разлика е во батериите – помалиот телефон доаѓа со 3000 mAh, а поголемиот (950 XL) – 3340 mAh.
Оперативниот систем не изненадува – Windows 10.
Lumia 950 ќе чини 549 долари, а 950 XL – 645 долари. И двата телефони ќе се на пазарот во САД во ноември, а во Европа околу Божиќ или по Нова година.
