Милошоски: Продолжуваат преговорите за изборното законодавство

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Преговорите на  работната група за измените во изборното законодавство согласно со договорот од Пржино, продолжуваат попладнево, изјави пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ којшто е дел од разговорите. 120349 (1)

– Мора да се каже дека преговорите се прилично напорни. Има различни позиции по различни прашања  и тоа што ги прави позициите посложени е што одредени стојалишта на одредени политички партии многу често се менуваат, рече Милошоски.

– Го  искористија вчерашното поднесување на законот за необјавување на прислушувани материјали како одреден изговор  за застој во преговорите, но откако се договоривме тој закон да биде отворен и за дополнително обработување амандмани од страна на опозицијата да се разгледа заеднички, да биде истовремено разгледуван и со одредени закони преземени како обврска од ХЛАД поврзани со тн. свиркачи тогаш се откочи расправата за Изборниот законик, но заглави на првата  точка и најважната за СДСМ, а тоа е прочистувањето на Избирачкиот список. Дали денеска тоа ќе овозможи некоја нова позиција  или дали тоа ќе овозможи напредок во преговорите останува да видиме во текот на денешниот ден, рече Милошоски.