Американскиот моден дизајнер Мајкл Корс ги отвори вратите на својата прекрасна, летна вила во Лонг Ајленд.
Тој го направи специјално за октомврискиот број на списанието Vogue и за објективот на врвниот фотограф Марио Тестино.
Како што се гледа од кадрите, куќата му носи беспрекорен стил на неговиот сопственик.Таа е елегантна, пространа и е решена во меки, пастелни тонови.
Култниот дизајнер го опремил летниот дом со различни видови мебел, сувенири и предмети, собирани со години од неговите патувања низ светот.
Куќата на Источниот брег е изградена буквално на плажа и од неа се открива чудесниот поглед на Атлантскиот Океан. И ентериерот, и екстериерот на вилата укажуваат на атмосфера, идеална за еден совршена одмор.
Видете ги фотографиите од вилата на дизајнерот во Лонг Ајленд во галеријата.