Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска организира трибина со граѓаните на Охрид, по повод презентација на првиот столб од проектот „Визијата за Македонија“ – Одговорна власт и контрола над власта.
Трибината ќе се одржи во хотелот „Ривиера“ во Охрид, со почеток во 19 часот.
ОО на СДСМ Охрид ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на трибината и да земат учество во граѓанската дебата со претставниците од највисокото партиско раководство на СДСМ.