Русија сака да создаде зона за нестабилност од Сирија до Украина, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.

“Ако Русија победува, конфликтот се приближува до границите на ЕУ и стабилноста во ЕУ и во светот ќе се намалуваат. За тоа Русија ќе плати повисока економска цена отколку ЕУ”, рече Порошенко за ББС. “Не гледам сепак државни водачи, кои покажуваат дека се подготвени да ја стават Русија на нејзиното место. Тоа е грешка. Украина сепак не сака на територијата војници на ЕУ и САД. Ние сами ќе си ја заштитиме земја”, истакна Порошенко. “Русија започна воена операција во Сирија, наводно за да го реши проблемот со глобалната безбедност”, вели уште украинскиот претседател. “Путин се стреми кон светскиот хаос поради економските проблеми и пад на поддршката за него во Русија”.