Руски воени авиони спроведоа 64 полетувања и поразија 63 објекти на “Исламска држава” во сириските провинции Хама, Латакија, Идлиб и Ракка во последните 24 часа. Ова го соопшти руското воено министерство во секојдневниот извештај за операцијата во блискоисточната земја, цитирано од руските медиуми.
Авиони Су-34, Су24М и Су-25СМ одржаа 64 летови од воздухопловната база “Хмејмим” и поразија 63 локации во провинциите Хама, Латакија, Идлиб и Ракот, рече портпаролот на министертсвото.
Руската авијација уништи 53 утврдувања на “Исламска држава”, еден команден центар, четири кампови и 7 складишта за муниција, а исто така артилериска и минофрлачка батарија во Сирија, додаде генерал-мајор Игор Конашенко.
Руски авиони Су-24М уништија командни пунктови на “Исламска држава” во Салма кои ги координираат терористичките активности во Латакија, појасни портпаролот.
Според него, како резултат на користена бомба КАБ-500 зградата каде се криеле лидери на терористи, е целосно уништена. При истиот удар, според портпаролот, пет автомобили опремени со анти-авион лансери Зу-23 биле уништени.
Авиони Су-25СМ пак разурнале камп за обука на “Исламска држава” во провинцијата Идлиб. Руските сили уништиле уште капацитети на “Исламска држава”, магацини со оружје и батерија на џихадисти со шест возилоа со минофрлачи во провинцијата Латакија.
Податоци на разузнавањето покажаа зголемување на паниката меѓу терористите во “Исламска држава”, откри Конашенко.
Русија е пресретнала разговори меѓу терористите во кои повикуваат на испраќање на сили во Ракка, а исто така и на оружје, бидејќи сè било уништено при руските авиоудари во Сирија.
Инаку портпаролот соопшти дека руски експерти забележале напредок во преговорите меѓу руското воено министерство и Пентагон за прифаќање на механизам за воздухопловна безбедност во Сирија.
Министертсвото додаде дека втора видеоконференција ќе биде одржана меѓу САД и Русија за летовите во Сирија.