Кање Вест, кој нормално крева медиумска врева со своите модни потфати и музика, пред неколку дена се произнесе на Твитер со што го изрази своето незадоволство во врска со не толку позната тема: in-app purchase (купувања во мобилни апликации).
Ќерката на Вест, Северо Запад (North West се вика ама кој може да ја пропушти можноста да ја нарече така) очигледно дoстигнала до пристоен број на купувања во “детските игри” на iPad-от на семејството, па “Yeezus” раперот и идниот претседателски кандидат не беше воопшто задоволен.
Вест удри малце на нервите на Apple кои веќе се принудени да се обратат во суд на оваа тема.
Во јануари 2014 година, Apple се согласи на спогодба од $32.500.000 со Федералната комисија за трговија за тужбата од родителите кои велат дека компанијата многу лесно може да ги натера нивните деца да направат купувања во игри симтнати од App Store, без знаење на своите родители.
Апропо случајот на Кање, без разлика колку и да си познат и добар во тоа што го правиш, да си родител е сосема поинакво ниво на тешко.
