Пристанишниот град Прогресо, кој се наоѓа во мексиканската држава Јукатан, се пофали со најдолгото пристаниште во светот.4e8edc56ed26ae686226bdf0f404d849

Изграден од бетон, кејот се протега во Мексиканскиот Залив на цели 6,5 километри. Изгледот повеќе му наликува на мост, кој води до некоја далечна земја.

Необичната должина на кејот е потребна за да може големите бродови да засидрат беспрекорно.

Крајбрежјето во овој регион е многу плитко и од таа причина мора товарните бродови не опловуваат понатаму во морето.

Патниците исто слегуваат во почетокот на кејот и користат бесплатен превоз или такси за да стигнат до брегот или пак во градот.

Првично најдолгиот кеј во светот, кој го носи името на градот Прогресо, имал должина од 2,1 километар.

Изграден е за четири години – во периодот меѓу 1937 година и 1941 година, заменувајќи стар дрвен столб, кој бил подготвен во почетокот на минатиот век.

Во 1988 година кон должината на кејот се додадени 4 километри, за да се зголеми неговиот капацитет. Тој се експлоатира веќе над 70 години, а конструкцијата  ја издржуваа суровата морската средина.

Влезете во нашата галерија, за да го разгледате најдолгиот кеј во светот, кој се наоѓа во Мексико.

Фото: goista.com