kosovo-unesco

Извршниот совет на УНЕСКО денеска го стави на дневен ред предлог-препораката за прием на Косово, изјави портпаролот на УНЕСКО Џорџ Папагианис.

Тој за ТАНЈУГ посочи дека прашањето ќе биде разгледувано на 21 октомври.

Несогласување со одлуката да се разговара за приемот на Косово во УНЕСКО изразија претставниците на Русија, на Кина, на Куба и на Аргентина.

Поголемиот број од останатите претставници истакнаа дека тоа што приемот на Косово е ставен на дневен ред не значи дека е донесена одлуката за членство во УНЕСКО. /МИА

Слични содржини