“Промена не очекувам” – Нобеловата лауереатка за литература Светлана Алексиевич раскажува за реакцијата на официјален Минск кон наградата за потресувањето од сето она што се случува денес во Путинова Русија.
Ден откако ја доби Нобеловата награда за литература, белоруската писателка Светлана Алексиевич пристигна во Берлин на средба со германски новинари. Претставниците на германските медиуми, сепак се интересираа повеќе од стравувањата на Белорусија, од настаните во Русија и Украина, отколку од романите на Алексиевич. Јавно политиката ги возбудува новинарите повеќе од литературата. Истото се однесува и за Нобеловата награда.
Задоцнети честитки
“Искрено, бев вчудоневидена, но тој најде сили во себе и го надмина негативниот однос кон мене”, изјави Светлана Алексиевич во одговор на прашањето на дописникот на ДВ за задоцнетото честитка на белорускиот претседател. Лукашенко и честиташе писателката цели шест часа по официјалното доделување на Нобеловата награда.
Писателката, која долги години е противник на белорускиот претседател, ја смета промената во односот на Лукашенко за тактички потег. “Мислам дека тоа е поврзано со фактот дека Русија престана да му дава пари и со тоа дека сака да распореди нова воздухопловна база во Белорусија. Лукашенко се повлекува, но не затоа што всушност е против. Тој едноставно се пазари”, изјави Светлана Алексиевич. Според неа, тоа е “позната игра” на белорускиот претседател
-Кога односите со Русија се затегнаа, тој се свртува кон Европа. “Во тоа време таму се менува раководството. На власт доаѓаат нови луѓе кои мислат дека ќе го измамат Лукашенко. Веќе пет пати стануваме сведоци на оваа игра”.
Светлана Алексиевич појаснува дека во такви периоди властите во Белорусија не ја чепкаат опозицијата и ги трпат различно мислечките луѓе. Таа не верува дека Нобеловата награда за литература во пракса ќе го промени односот на властите кон неа. Истите овие власти со години не го дозволуваат објавувањето на нејзините книги. “Јас имам многу меѓународни признанија, но тоа никогаш не извршило влијание врз нашата власт”, вели Светлана Алексиевич. Реакциите на обичните луѓе за нејзе се повредни отколку од честитки на службениците. “Тие излегуваа на улица, плачеа, се прегрнуваа. Некои беа успеале да купат и цвеќиња. Бев потресена. Сфатив дека оваа понижена и заборавена земја која живее во вечен страв, имала потреба од некој симбол, од некакво чудо”, вели таа.
Разочарување од човечката природа
Патем и официјална Москва исто така не брзаше со честитки кон писателката која пишува на руски јазик . И честитаа министерот за култура, но повисокото раководство претпочиташе да замолчи. “На првата прес-конференција по пораката за доделувањето на наградата реков дека Украина е окупирана. И целата љубов на Путин и Медведев за неколку часа испари”, вели Алексиевич.
За време на средбата со германските новинари Светлана Алексиевич неколкупати спомена за својата замор и разочарување. “Веќе 30 години се занимавам со животот на обичниот советски човек, но не можам да си објаснам зошто општеството, кое во 1990-тите години сонуваше за слобода, е подготвено да се врати назад. Обичниот човек денес мутира. Тој сака шенген виза, мал автомобил, екскурзија во Египет и советска власт “, изјави Алексиевич.
Светлана Алексиевич е особено силно потресена од она што се случува во Русија. “Притисокот на Путин и на интелигенцијата, тоа што многумина по подобие на него станаа државници и властодршци, е голем шок за мене и ме исполнува со разочарување од човечката природа”, вели писателката. Таа смета дека на “измама” и “ограбен” е руски народ, и не му останува ништо друго освен да верува во своето величие. “Штетно се шири еснафското мислење дека Русија ја понижуваат и дека наоколу ја демнат непријатели. И ителигенцијата исто така подлегна на ова мислење”, вели добитничката на најпрестижната книжевна награда.
“Не е можно да се разговара со луѓето”
Светлана Алексиевич раскажува како шетајќи низ Москва, сретнала сиромашно облечена жена со постер, на кој било напишано дека е време да бидат казнети националните предавници. Алексиевич ја прашала жената, кои се националните предавници. “Па оние каде што се против Путин и кои се за” хохлите “(така наречени Украинците), одговорила жената. Таа не сакала да слушне за санкциите, велејќи дека” и предходно сме живееле без пармезан. Ќе преживееме и сега. ”
“Најглавното е дека денес не е можно да се разговара со луѓето. И работата не е во Путин, туку во тоа дека секој Русин носи во себе по едно парче Путин. Барем кај 86 проценти од Русите”, заклучува Светлана Алексиевич.

