150716101228490598a6076c20968b0cb730e020058a

Властите во Атина денеска го отфрлија предлогот за формирање заедничи патроли на грчки и турски бродови во Егејското Море, како една од мерките за засилување на контролата за спречување на бегалскиот бран кон Европа.

– Не можеме да разговараме за новосмислени идеи, што се појавија одеднаш, како што се заедничките грчко-турски патроли на поморската граница, соопшти Министерството за надворешни работи на Грција.

Министерството во соопштението нагласува и дека Атина е расположена за соработка со Анкара во разбивањето на мрежите за трговија со луѓе, но смета оти за такво нешто потребно е Турција да се согласи на размена на инфромации.

Ваквата реакција на Атина уследи откако вчера портпаролот на германската влада Штефан Зајберт ги повика Грција и Турција да започнат со заедничко патролирање долж нивната поморска граница, со цел да се спречи трговијата со луѓе и да биде запрен бранот бегалци кон Европа.

Тој ги повика Атина и Анкара да ги решат билатералните спорови во Егејско Море, оценувајќи дека сега шверцерите со луѓе таму се однесуваат како што сакаат, со што ги изложуваат на непосредна опасност животите на голем број имигранти.

– Тоа е нешто што треба да се промени. За таа цел се неопходни координирани напори на надворешните граници на ЕУ, а тоа може да се случи, само ако Турција и Грција, како две земји-членки на НАТО, соработуваат рака под рака, истакна Зајберт.

Според Зајберт, неопходо е да бидат протерани шверцерите со луѓе од Егејско Море, со цел да може да се врши нормална регистрација на бегалците кои пристигнуваат на надворешните граници на ЕУ./МИА

Слични содржини