Претседателот на Хашкиот трибунал Теодор Мерон денеска до Генералното собрание на ОН го поднел 22 редовен годишен извештај, наведувајќи дека Судот ќе ги реши сите случаи и својот мандат ќе го заврши до 2017 година.

hag

Мерон навел дека Трибуналот во текот на оваа година донел две пресуди, како и дека до крајот на 2015 ќе донесе второстепена пресуда во случајот против Јовица Станишиќ и Франк Симатовиќ, додека во 2016 ќе одлулува за четири судења и две жалбени постапки.

Во 2017 треба да бидат завршени и постапките против Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

Слични содржини