(ВИДЕО) Холандија официјално: Ракетата, што го урна “Боингот” е истрелана од територија на проруските сепаратисти

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Иако во регионот границите меѓу завојуваните се менуваат, областа била под нивна контрола, тврди шефот на холандскиот Совет за безбедност во сообраќајот

 20151013.rkiivuedmn

Претседателот на холандскиот Совет за безбедност на транспортот Тибет Јустра изјави во холандскиот парламент дека ракетата “Бука”, која го урба  малезиската “Боинг 777” над Донбас е дојдена од територија, која била под контрола на проруските  сеоаратисти, пишува “Известија”.

malezija-erlajnz-malezija-mh17-foto-youtube-1444751407-761085-300x162

Според експертот, иако границите во регионот биле променливи, областа од каде е стрелано била под контрола на проруски сили. Претходно, за време на презентацијата на извештајот на меѓународните експерти Јустра не прецизира од кого, според нив била истрелана фаталната ракета. Тогаш тој само ја посочи територијата- во простор од 18 на 18 километри.

https://youtu.be/8DmraSOdTYk

Според холандскиот извештај, ракетата дошла практично во средба со „боингот“  и невозможно е да се одреди аголот од лансирањето. Во извештајот исто така се истакнува дека ракетата која го соборила МH17 лансирана од територијата на источна Украина, но не се наведува кој поточно во тој момент го контролирал тој регион.

https://youtu.be/oHcnO_zVf_Q

Единствено е споменато името на градот Снежниј додека во истрагата на рускиот концерн “Алмаз-Алтај” беше наведено место во близина на селото Зароштенское.