(ГАЛЕРИЈА) Снежната убавина на Финска од птичја перспектива

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Ако немате трпение да дојде зима и да се занесете во некој снежен одмор, тогаш размислете за Финска.9579fb584f062ccf148ed4e382870b80

Покрај типичната зимска атмосфера и прекрасни можности за скијање, земјата може да ве изненади и со импресивен стан, дел од хотелот Iso Syote.

Станот го носи името Eagles View и тоа неслучајно. Подигнат е на високо и обезбедува одлична глетка кон околните снежни планини.

Внатрешноста му е решена во голема мера од дрво, што е нешто сосема вообичаено за традиционалните ски ризорти.

Една од најголемите предности на станот сепак е фактот дека таванот  е од стакло.

Замислете само колку неверојатно би било вие и вашата сакана да се восхитувате на Аурора Бореалис, додека лежите на топло во кревет?

Пријатниот камин во дневната соба може да ви го направи одморот уште поневеројатен, а на вториот кат на станот имате можност да уживате во џакузи.

Во нашата галерија може да најдете повеќе фотографии од Eagles View кои ќе ве натераат да посакате да организирате незаборавен одмор во Финска.

Фото: Iso Syote Hotel