Човечкото тело е неверојатно! Тоа е извор на огромно сексуално задоволство и сатисфакција. Повеќето нерви само чекаат да бидат стимулирани, за да можете вие да доживеете најголеми фини и силни сензации. Сите ги знаат најпознатите ерогени зони, но дали ги знаете и “скриените” катчиња за сексуално уживање?
За да проверите, дознајте кои се неочекуваните ерогени зони, со кои може да го изненадите партнерот:
Препоните
Ова место ќе ја полуди жената исклучително брзо, бидејќи сепак е блиску до најсилната ерогена зона во телото.
Носот
Според WebMD носот содржи најмногу нервни завршетоци од сите делови на лицето (сепак се наоѓа во близина на усните!).Поради оваа причина носот изненадувачки може да се претвори во ерогена зона за вас и вашата партнерка.
Брадавиците
За многу жени брадавиците се клучно место за стимулација, а некои дами дури се радуваат на оргазми, додека нивниот партнер обрнува внимание токму на овој дел од нивното тело. Брадавиците сепак можат да бидат ерогена зона и за некои претставници на посилниот пол, бидејќи во нив се содржи истиот број нервни завршетоци, како во женските зрна.
Папокот (за дамите)
Ако една жена стави прст во папокот, таа може да забележи чувство во својот клиторис. Објаснувањето според WebMD: папокот и клиторисот се од иста ткаенина и се невролошки поврзани. Обидете да го лижете папокот на својата сакана, за да ја тестирате нејзината реакција. Ако пак тоа не ви се чини како сосема добра идеја – придвижете се на 7-8 сантиметри јужно. Таму се наоѓаат специјални точки на задоволство, чија стимулација исто би ѝ се допаднала на жената.
Нозете (стапалата за мажите и прстите за жените)
Има реална врска помеѓу вагината и прстите. Токму поради оваа причина дамите инстинктивно стегаат прсти кога добиваат оргазам.
Долниот дел на грбот (за жените)
Ова место е одличен извор на задоволство, кој може да биде стимулиран со масажа или пак бакнежи. Според специјалистите притисокот во оваа област од женското тело може да помогне за постигнување на врвот.

Фото: Istock
Ушите
Тие се ерогена зона и за двата пола, под услов да знаете на кој начин да си “играте” со нив.
Внатрешниот дел зад колената
Бакнежите во овој дел од телото би ја натерале вашата партнерка да се почувствува исклучително добро во кревет. Ако пак сакате да овозможите задоволство на вашиот маж, стимулирајте ја оваа неочекувана ерогена зона, обидувајќи се нежно да го допирате токму во оваа област.
Скалпот (за жените)
Скалпот е друга интересна ерогена зона. Масажата на скалпот го ослободува хормонот окситоцин. Тој делува смирувачки и ја зголемува возбудата.
Умот
При правилното стимулирање на умот, жената, туку и мажот, би доживеале неверојатно задоволство за време на секс.