Како сексот се менува со староста

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Секој има слушнато дека со текот на годините либидото на човек слабее, а тоа станува причина за разредување на секс рандевуата со партнерот, со староста.08c4c8bac9e21361eec1d8bd66a767c6

Но не сè што нѐ чека е несреќа и темнина.

Промената е неизбежна, според експертите, но и покрај тоа, сексот се подобрува во многу аспекти токму со напредувањето на годините.

Еве и што треба да знаете на темата:

1. Сексот ќе ви носи поголемо задоволство.

Според истражувањето на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего, две третини од жените се задоволни со својот сексуален живот во зрелата возраст, вклучувајќи и жени на 80 години! Според научниците 67% од зрелите жени велат дека стигнуваат до оргазам скоро секогаш за време на секс. Покрај тоа, во целина заклучокот е дека постарите жени се поактивни сексуално, повеќе искусни во кревет и позадоволни од сексуалниот живот, во споредба со помладите дами.

2. Вашиот партнер ќе знае што да прави во кревет.

Искуството води до подобар квалитет на сексот. Токму затоа 40-годишните жени имаат голема предност пред 20-годишните. Младите дами често се целосно неуки во креветот и им требаат години редовен секс и тоа со постојан партнер, за да станат храбри и искусни меѓу чаршафите. Истото често важи и за мажите.

3. Притисокот да изгледате секси намалува.

50-годишните жени може да се чувствуваат секси и без да вложуваат огромни напори да изгледаат совршено. Општо земено помладите дами се двоумот во врска со својот изглед, но таа увереност расте со секоја една година. Жените кои немаат комплекси во однос на својот изглед се чувствуваат задоволни за време на секс, токму затоа што се чувствуваат добро во својата кожа.

4. Според истражувањата годините на секс со ист партнер се гаранција за среќа.

Во содржината на спермата се наоѓаат и хормоните на среќата – окситоцин и серотонин. Тиеги тераат жените да се чувствуваат добро. Ова важи со посебна сила, ако дамите биле во допир до истата сперма редовно. Токму такви жени (кои се радуваат на среќен семеен и сексуален живот со постојаниот партнер) страдаат поретко од депресија и генерално се задоволни.

5. Несоницата може сериозно да наштети на сексуалниот живот.

Според многу научници нарушувањата во сонот се зголемуваат со возраста. Не е изненадувачки, дека заморот е најголемиот убиец на либидото. Затоа, ако сакате да уживате во полн сексуален живот со партнерот, треба да се наспивате добро.

6. Брзиот секс станува помалку забавен

Со текот на времето долгогодишните партнери го губат својот ентузијазам кон брз, спонтан секс и тој доста се разредува во програмата. Тие почнуваат да преферираат мирни рандевуа во удобната семејна одаја, но таму пак можат навистина да уживаат во сексот во полна смисла на изразот.

7. Можете да уживате на повеќе секс од било кога.

Според многу истражувања 20-годишните всушност имаат помалку секс од 30 и 40-годишните (важи особено за дамите). Всушност, жените на возраст меѓу 27 и 45 години се поактивни сексуално отколку жените на возраст меѓу 18 и 26.