ВИДЕО: Зврлевски слушна снимка од „бомбите“, па рече дека Јанкулоска лажела и не му давала задачи

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Ви го пренесуваме вечерашното издание на емисијата „Топ тема“ на Телма, во кое гостуваше јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој одговараше на многу прашања за аферите со „бомбите“, за специјалното обвинителство, за обвинувањата дека работи за партијата на власт, за блискоста со Мијалков… -тема-15-октомври-2015

Сепак, и покрај многуте прашања тој не даде многу различни одговори, односно најчесто се повикуваше на законите и процедурите.

Чомовски му пушти и снимка од „бомбите“ во која Јанкулоска му кажува на Ставрески дека му дала задача на Зврлевски, во однос на некое обвинение, но тој го негираше тоа, што значи дека, според него, Јанкулоска го излажала Ставрески.

Емисијата предизвика големи реакции на социјалните мрежи и многу негативни коментари за Зврлевски.