СДСМ се огласи- Првин да се изберат обвинителите, па ќе се вратиме на преговорите

од Vladimir Zorba
127 прегледи

 Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат се додека не се испочитува и спроведе Законот за Специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, порача СДСМ во соопштение.

сдсм и вмро

„Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да му овозможи на специјалниот јавен обвинител да го комплетира тимот на соработници согласно законските овластувања. Бараме итна средба на четирите партии и претставниците на меѓународната заедница за кршењето на Законот за специјалното јавно обвинителство и утврдување на рокови за исполнување на законските обврски“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ укажуваат дека во интерес на иднината и перспективата на Република Македонија е да и се овозможи на специјаланата јавна обвинителка да работи самостојно и независно согласно законските овластувања.