И пкрај поговорката дека љубовта на мажот минува низ стомакот, научници утврдиле дека посилниот пол е склон да мисли за секс дури и кога е гладен, бидејќи специјални неврони одговараат токму за сузбивање на мислите за храна.
За разлика од мажите, сепак понежниот пол нема такви неутрони, што значи дека за жените сексот доаѓа на второ место по благосостојбата, пишува британскиот весник “Телеграф”.
За сега истражувања биле направени само врз нематодни црви, но според истражувачите од Лондонскиот универзитетски колеџ сличен механизам делува и во човечката глава. Откритието е и уште еден доказ за тоа дека мозоците на мажите и жените имаат голем број на разлики.
“Иако не сме ѕирнале во човечкиот мозок, можно е машкиот мозок да има видови неврони кои женскиот ги нема и обратно. Тоа може да го промени начинот на кој двата пола го доживуваат светот и нивните приоритети “, рече коавторот на истражувањето проф. Скот Еманс од медицинскиот колеџ” Алберт Ајнштајн “.
Новооткриените неврони во машкиот мозок се наречени МСМ или “мистериозни клетки во мажот (” mystery cells of the male “).