Зошто мажите постојано се “пипкаат“ за препоните

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Без разлика на возраста посилниот пол сака да ги држи рацете во гаќи – навика која често предизвикува незадоволство, особено на јавно место. За мажите, сепак тоа е често потсвесно движење и тие не разбираат зошто постојано се осудувани поради гестот. Факт е дека каде и да се сврти човек, може да види маж кој “се подместува”, гали, или едноставно допира во одредени периоди кај препоните.8c983465abe874d394d1f957387ddce4

Многу господа пак сакаат да си лежат мирно на каучот и да ја стават раката под панталоните покривајќи го со неа “богатството”. Експертите открија и кои се причините за оваа навика:

1. Протекција

Поставувајќи рака над машкото достоинство, претставниците на посилниот пол потсвесно го штитат од надворешниот свет. Ова движење им носи удобност, тврди Ванеса Едвардс автор на Human Lie Detection and Body Language 101: Your Guide to Reading People’s Nonverbal Behavior.

2. Успокојување

Масирањето на желудникот и други делови од телото на нееротичен начин води до ослободување на окситоцин – хормон на среќата и спокојството, се вели во истражувањето објавено во списанието Frontiers in Psychology.

3. Доминација

Бизнис средбите имаат специфична етикета, но не е ретко да се види во соба полна со мажи, некој кој да ги држи рацете во џебовите и дури да ја”чешка” содржината под панталоните.Причината е дека на тој начин се обидува да покаже кој е шеф во собата, тврди Роб Коминиарек, основач на Alpha Male Medical Institute.

“Потенцирајќи” на машкото  достоинство, господата се обидуваат да обележат територија. Во минатото доминацијата се докажала со тоа дали еден маж може да си најде партнерка со која да ќе го продолжи својот вид, тврди научникот.