Формиран „Фронтот за демократска Македонија“

од desk3
101 прегледи

„Човекот пред сé“ е мотото под кое новиот политички субјект, Фронт за демократска Македонија, кој денеска се претстави пред граѓаните.

front_za_demokratska_obnova

Меѓу основачите се бизнисменот Трифун Костовски, професорите Јове Кекеновски и Ненад Новковски, актерот Сашо Тасевски и др.

Немаат намера да го фрагментираат опозицискиот блок туку да воспостават систем на нови идеи и решенија во кои главната улога ќе ја има човекот.

ФРОДЕМ ќе се бори против обидите авторитаризмот и тоталитаризмот да се туркаат како секојдневна демократска практика, ќе се спротистават на злоупотребата на државните и партиските функции и воспоставувањето систем без вредности.