Заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов изјави дека терористичката група “Исламска држава” ја проширува својата експанзија. Тој исто така откри планови на исламистите кои сакаат да ги шират својата активност во Европа, Русија, Централна и Југоисточна Азија, а Авганистан може да биде искористен за упад во ЗНД и Кина.

Тоа Антонов го изјавил во рамките на шестиот Сншански форум за безбедност, на кој истакнал дека во моментов “Исламска држава” поседува стабилни извори на приходи и добро опремена армија. Според него, терористите можат да се насочат кон ЗНД и на север кон Кина во Авганистан – таму во моментов ситуацијата не се смирува, има постојано борби: “Територијата на Авганистан може да биде користена од групата за идна експанзија во Централна Азија републики од ЗНД и насока на Ксинџијанг-ујгурски автономен регион на Кина”, додаде Антонов. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин повика на внимателност и да биде следена состојбата на надворешните граници на ЗНД.Според него, ситуацијата со терористите во Авганистан е блиску до критичната.