ВМРО ДПМНЕ за пиштолот на Мијалков: Аеродромското обезбедување направило пропуст

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Граничната полиција има обврска да врши гранична само проверка на патници за влез и излез од РМ, а, согласно Законот за гранична контрола, за проверка на личниот багаж е надлежна службата за аеродромското обезбедување.

mijalkov1

Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Министерството за внатрешни работи и граничната полиција во нејзини рамки беше посочена за најодговорна во случајот кога Сашо Мијалков се качил на авион во Скопје со пиштол со патната торба, поради што бил приведен на белградскиот аеродром.

 

„Господинот Мијалков даде изјава во медиумите. Го потврди пропустот. Тој не лаже и не манипулира. Факт кој е несвојствен и неразбирлив за СДСМ. За нив е својствена и очекувана ваквата реакција со сите конфузни и контрадикторни детали и лаги“, стои во соопштението на владејачката партија.