(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Палестинец преправен во новинар, избоде со нож израелски војник

од desk3
90 прегледи

Двајца Палестинци беа убиени денеска при обиди да нападнат со ножеви Израелци.

Рано утрото во центарот на Хеброн на Западниот брег, Палестинец нападнал со нож еврејски доселеник. Во Хеброн живеат околу 500 израелски доселеници под силно обезбедување на армијата. Доселеникот отворил оган при самоодбрана и го убил напаѓачот.

Неколку часа подоцна бил убиен вториот Палестинец кој во источен Ерусалим со нож се обидел да убие израелски војник при проверка на документи.

Напаѓачот бил застрелан од војниците.

Во новиот бран насилства што почна на 1 октомври загинаа 39 Палестинци и седум Израелци./МИА