Бомбастична кореспонденција на Белата куќа откриена за прв пат во детали околу “крвавата зделка”, склучена меѓу британскиот премиер Тони Блер и Џорџ Буш за војната во Ирак.

Сензационалните откритија покажуваат дека Блер дал безрезервна согласност да се вклучи во конфликтот година пред почетокот на инвазијата.Откритијата се во акутна спротивност со тогашните јавните тврдења на Блер дека тој бара дипломатско решение на кризата. “Не нудиме воени дејствија”, рече тој тогаш на гласачите, но во тајните електронски писма укажуваат друго. Класифицираниот документ исто открива дека Блер се согласил да дејствува како портпарол кој треба да го поддржи американскиот претседател и да ја убеди јавноста дека Садам поседува оружје за масовно уништување. Во замена за тоа Буш требало да го погали егото на Блер и да создаде впечаток дека Велика Британија не е пудлица на Америка, туку еквивалентен партнер со “специјални односи”. Разоткривањето на ова писмо вели дека е напишано од државниот секретар Колин Пауел до претседателот Џорџ Буш на 28 март 2002 година, недела пред познатата средба на Буш со Блер на ранчот во Тексас. Во него Пауел раскажува на Буш дека Блер “ќе е со нас” за воените дејства. Пауел исто го уверува претседателот: “Велика Британија ќе го следат нашиот пример”. Друго писмо пак открива дека Блер користел “шпиони” во Лабуристичката партија, за да манипулира со мислењето на британското општество во корист на воените дејствија против Садам.