Toyota запира со бензинските автомобили во 2050-та

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Toyota има намера да го прекине целосно производството  на бензински автомобили во 2050 година, заменувајќи ги со хибриди и машини со водородни клетки. На овој начин јапонската компанија ќе го намали драстичното  излачувањето на штетните материи во атмосферата.

20151018.sepkgetwbr

Согласно програмата за развој, објавена во Токио, просечното ниво на емисиите кои се испуштаат од автомобилите на Toyota, ќе се намали за 90% кон средината на векот, во споредба со показателот од 2010 година, соопштува technews.bg. Планот не вклучува развој на електрични автомобили, по што се разликува од плановите на конкуренти како Nissan Motor, кои го ставаат фокусот токму врз електричните кои се со нула ниво на штетни гасови. Кон крајот на деценијата Toyoyta ќе произведува 30 илјади автомобили со водородни клетки годишно, што е 10 пати повеќе од обемот, планиран за 2017 година Овие автомобили работат при нулта емисија. водород Toyota Mirai излезе на пазарот минатата година.Компанијата доби 1.500 нарачки за него во Јапонија и започна продажбата во Европа и САД. Кон 2020 година Toyota планира да продаде околу 15 милиони хибридни автомобили, што е два пати повеќе отколку целиот пазар на хибриди во моментов.