(ВИДЕО) Вести од фронтот: Руската авијација уништи подземен град со воена фабрика на ИД

од desk3
88 прегледи

Во изминатото деноноќие авионите од руската авиојација во Сирија продолжија да нанесуваат удари по објекти од инфраструктурата на терористичката група “Исламска држава”. Од авиобазата “Хмејмим” руските бмбардире извршија 39 борбени полетувања и нанесоа 60 удари по 51 локации во провинциите Хама, Латакија, Дамаск и Алепо, се наведува во секојдневниот извештај на руското Министерство за одбрана. Како резултат на ударите се уништени:

20151018.cwepsebpaz
4 командни позиции на бандитски формации;

6 складишта со муниција и оружје;

1 минофрлачка батерија;

2 подземни бункери;

32 теренски кампови на терористите;

6 пунктови на екстремистите.

Според соопштението еден од поразените објекти на периферијата на Тел-Биса буквално бил подземен град. Тој бил нападнат од бомбардери Су-34, кои ги уништиле подземните фортификационни капацитети на терористите.

Во објектот имало густа мрежа подземни тунели, по кои џихадистите се појавувале одеднаш во различни области на градот. Ова им овозможувало да водат маневри во одбраната против нападите на владините сириски војници.

Во еден од бункурите имало цел арсенал со муниција и рачно изработени бомби наменети за терористички акти и диверзии. Покрај тоа тука имало и мини-фабрика за производство на самоделски ракети.