Уставниот суд работи на иницијативата за оценка на уставниста на Законот за Специјалното обвинителство

од desk3
80 прегледи

katica_janeva1_0-540x359
Иницијативата поднесена од адвокат од Свети Николе со која бара оценување на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство ќе биде ставена на дневен ред на седница на Уставниот суд по целосно завршување на активностите на претходната постапка и прибирање на потребните материјали кои се неопходни за работење и одлучување по предметот, информираа денеска од Судот.

– Иницијативата е дадена во работа на судија известител и државен советник и се преземаат активности на претходна постапка согласно одредбите на Деловникот на Уставниот суд, велат од Судот.

На веб-страницата на Уставниот суд (www.ustavensud.mk) ќе биде објавено кога наведениот предмет ќе биде ставен на дневен ред на седница на Судот за разгледување и одлучување./МИА