Стокхолм може да освои рекорд во чекање за купување на стан

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Шведската престолнина има големи шанси да влезе во Гинисовата книга на рекорди, но со антирекорд – за најдолго чекање за купување на дом. Веројатно таму се чека навистина најдолго во светот за купување на стан, пишува весникот “Експрес”.4466914

Според податоците на изданието за купување или изнајмување на куќа во Стокхолм се чека во просек околу 8,4 години, а во особено престижни области …. до 25 години.

Пратеник од шведскиот парламент всушност се ангажирал со задачата градот да го регистрира својот не особено ласкав рекорд. Членот на Народна партија – либерали Роберт Хан има направено барање во Комитетот за регистрација на рекорди и чека евентуален брз одговор.