Откако Исламска држава (ИД) почна да зазема значителни територии во северна Сирија и Ирак политичари и аналитичари се концентрира првично врз прашањето дали Америка треба да ги вооружа Курдите да се борат против џихадистичката група.
Но оваа дебата го игнорира клучниот недостаток во курдската политика на Америка: додека воената поддршка за Курдите во Ирак и Сирија се зголемува, развивањето на соодветен политичка патоказ во однос на курдските заедници во регионот заостана.
Постои опасност, од страната на Вашингтон за обезбедување на можност на Курдите да се борат со ИД но и да создадат нови проблеми кои би можеле да ги малтретираат Ирак и Сирија многу подолго време.
САД почнуваат да веруваат дека се соочуваат со дилема:неопходно е Курдите да бидат вооружени, за да се борат со ИД, но треба да се внимава да не се разгорат политичките очекувања на Курдите. За битката со ИД на долгиот фронт во Сирија и Ирак, на Америка и е потребна помош од страна на курдските сили во двете земји. Досега Вашингтон обезбедува воена поддршка на регионалната влада на Курдистан во Ирак и ги координира воздушните напади со доминантните курдски вооружена сили во Сирија – Одредите за заштита (НОЗ).
Во меѓувреме, администрацијата на Обама е колеблива за зајакнувањето на полуавтономните институции во ирачкиот регион Курдистан во голема мера поради загриженоста дека тоа еден ден може да се искористи за издејствување ма независнос на ирачките Курди.
Дури од американската воена помош највеќе искористија курдските сили поврзани со конкретни политички партии, а не регионалната интегрирана воена институција. Тоа е затоа што САД и многу од нејзините регионални сојузници се загрижени дека курдското отцепување од Ирак ќе предизвика голема непредвидливост и хаос, вклучително и преку поттикнување на слични сепаратистички чувства меѓу курдските групи од населението во соседните земји,а на тој начин може да се стигне до уривање на целиот регионален ред.
Всушност независноста е премногу неверојатно сценарио поради причини кои немаат речиси ништо заедничко со американската политика. Станува збор за радикална поделба меѓу ирачките Курди и растечката курдска зависност од регионалните сили како Иран и Турција, кои ја отфрлаат идејата за конечна курдска независност. Иако независноста продолжува да е емоционална силна инспирација за повеќето Курди, таа наскоро би се претворила во политичка карта во рацете на некои лидери на ирачките Курди, отколку во одржлив политички проект.
САД многу внимаваат да не ги загрозат своите стратешки односи со Турција. Тие ризикуваа да го навлечат гневот на Турција ос само една причина: да помогнат на НОЗ во нивната битка против ИД. Минатата недела американските сили извршија испорака на 50 тони муниција на силите, во северна Сирија, вклучително и за борци од НОЗ.
Иако ги вооружува овие сириски Курди, Вашингтон се држи настрана од дипломатско ангажирање со политичкиот огранок на НОЗ – Партијата Сириски демократски фронт (ПСДФ) (Турција гледа на ПСДФ како на потенцијална закана поради нејзините врски со Работничката партија на Курдистан или ПКК). Проблемот со зајакнувањето на курдската воена моќ , без паралелна политичка иницијатива, е што Америка нема поставено јасни ограничувања на она што Курдите ќе го прават со новодобиената сила или да им бидат понудени гаранции за она што тие можат да очекуваат во иднина. Тоа ја намали способноста на Америка да влијае врз курдските сојузници, дури и кога тие се протегаат надвор од традиционалните граници.
Во Ирак курдските сили влегоа во територии со етнички мешано население, на кои сега тие де факто имаат воспоставено контрола. Знаејќи дека американската воена помош доаѓа само со eден услов – борбата со ИД – курдските борци набрзина воспоставија контрола на територијата. Тие ја користеа својата воена предност, за да го потчинат локалното население во Киркук и други спорни територии кое не е курдско , цементирајќи чувства за меѓусебна недоверба и одмазда.
Во северна Сирија курдските сили работеа брзо за консолидацијата на контролата со цел да се стават во позиција на неизбежни актери за иднината на земјата. Сепак курдската офанзива во области кои не се со претежно курдско население, испровоцираа непријателство кон другите групи.
Старите приказни на сириската влада, што ги одредуваше сириските Курди како “сепаратисти”, сега се повторуваат од не-курдски опозициски групи, кои се борат против режимот на Башар Асад. Исклучителната воена концентрираност на Америка ги охрабри Курдите да се обложуваат несразмерно на своите воени достигнувања.
Овој приод го отуѓува некурдското население, кое сега живее под курдско управување, додека се зголемува конкуренцијата внатре меѓу самите Курди за пристап до воена поддршка однадвор. НОЗ, на пример, сега може да се обидат да воспостават односи со Русија или да ги користат изгледите за такво партнерство како средство за стекнување на поголема американска воена поддршка. Сето ова ја прави уште потешко остварлива непосредната цел на Вашингтон да ги обедини во координирана борба против ИД и долгорочната цел за отстранување на условите кои дозволија таа група да настане.
Воената соработка со Курдите треба да се комбинира со јасен политички патоказ. Барем тоа би значело обврска за Американците, да дозволат ирачките Курди да развијат институции и да помогнат како посредник во буџетските и нафтени спорови со Багдад, што би обезбедило некои критични гаранции за благосостојбата на курдскиот регион.
Вашингтон може да покаже таква поддршка во замена на согласност од страна на Курдите за договори за преземање на заеднички активности во областа на безбедноста и администрацијата со некурдското население во спорните територии.
Во Сирија САД би требало да обезбедат воената поддршка за НОЗ со политички ангажман со ПСДФ. Во замена сириските Курди би можеле да се разликуваат од битката на ПКК врз Турција, за да ја намалат загриженоста од турска страна. За да се случи тоа, НОЗ и ПСДФ би требало да ги применат постигнатите претходно договори за соработка со ирачките курдски групи кои имаат силни врски со турската влада и да ја делат власта врз донесувањето на одлуките со арапските опозициски фракции, поддржани од Турција. Сето ова ќе му даде на Вашингтон повеќе влијание врз сириските курдски сили пред тие да продолжат и во иднина да вршат притисок врз некурдските области. Америка мора да престане да работи со Курдите само како со воени сојузници. Инаку Вашингтон може да придонесе за појава токму на таков тип регионална нестабилност, како што неговата политика се стреми да спречи.


