Џилиен Паласиос и нејзината мајка се целосно скршени одкако нивното куче Војвотка беше застрелано во главата.Додека локалниот полицаец правеше рутинска обиколка на куќите, Војвотка љубопитно скокна од куќата, а полицаецот три пати ја застрела мислејќи дека ќе го нападне.
-„Пред да можам било што да помислам или да кажам, полицаецот ја застрела само затоа што истрча во дворот. Воопшто не ми е јасно зошто тоа го направи, бидејќи никогаш не сме имале проблеми со полиција. Војвотка само беше љубопитна, не лаеше,ниту режеше по него.“-изјави Џилиен.
Полциаецот моментално е суспендиран од работа додека трае истрагата. Семејството Паласиос е неутешна и не сака нејзината смрт да помине неказнето.