Теренските команданти на терористите во Сирија нудат делумно примирје на владините сили. Ова го соопшти на прес-конференција во Москва портпаролот на руското Министерство за одбрана ген. Андреј Картаполов.
Според него армијата на Асад е покренала офанзива во пет сириски провинции, користејќи ја руската поддршка од воздух – Алепо, Латакија, Идлиб, Хомс и Дамаск. Тој рече уште дека поради дезертерство на регрутите терористите користат ликвидациски одреди.
“Познато ни е дека одделни старешини на бандитски групи во провинцијата Алепо создаваат казнени одреди, обидувајќи се да го запрат бегството на регрутите”, истакна генералот.
Одделно екстремистите се обидуваат да мобилизираат 12-годишни момчиња. “Во рамките на декларираната од нив мобилизација тие собираат 12-годишни адолесценти, но поради страв овие дебитанти го фрлат оружјето и масовно ги напуштаат своите позиции”, истакна ген. Андреј Картополов.
Освен тоа командантите на групата “Џебхат ан-Нусра” итно префрлиле на предната линија дополнителни сили, бидејќи борците на “Исламска држава” се повлекуваат на исток.
Како резултат на руските воздушни напади, основните единици на терористичките групи, составени од најдобро подготвените борци, беа истуркани од системот, а организацијата и системот на снабдување на овие групи беше нарушен, додаде генералот
Терористите се соочуваат со сериозен недостиг на муниција, оружје и гориво, рече Картаполов.
Тој појасни дека терористите во Сирија, бранејќи се од сириската војска, се прикриваат во жив штит, составен од локалното население, пренесоа агенциите.
Рускиот генерал соопшти дека руските воени авиони нанеле удар по мост над реката Еуфрат, кој Исламска држава го користела за снабдување од Ирак во Сирија, јави Ројтерс.
Сега мостот бил целосно непрооден.
