Потенцијална воена интервенција на Катар во Сирија може да го предизвика почетокот на Трета светска војна, пишува рускиот весник “Независимаја газета”, повикувајќи се на медиумски публикации.
Министерот за надворешни работи на Катар Калид ал Атијах неодамна изјави дека неговата земја може да интервенира во Сирија на страната на екстремистите, кои се бореа против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад. Ваквиот потег има потенцијал да доведе до Трета светска војна, забележува руското издание.
Изјавата на Калид ал Атијах, на прв поглед, изгледа како пропаганден потег, имајќи предвид дека Катар е мала, иако многу богата земја.
Весникот потсетува дека Катар веќе обезбедува воена, финансиска и политичка поддршка за сунитската опозиција во борбата сирискиот претседател.
Претходно Саудиска Арабија и Турција ги изразија своите намери да се вклучат во војна против сириската влада, забележува “Независимаја газета”, цитирајќи некои медиуми како коментираат дека сето тоа може да доведе до почеток на Трета светска војна.
Во средината на октомври рускиот претседател Владимир Путин одржа разговори со министерот за одбрана на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман ал Сауд во Сочи. За време на разговорите саудиската страна предупреди за “опасни последици” од воената интервенција на Москва во сирискиот конфликт.
Досега тоа беа само вербални закани, истакнува “Независимаја газета”, а сепак забележува дека намерите на земјите кои ги поддржуваат силите кои се борат со сириската влада, веќе биле поткрепени со реални активности.
Пример Катар на неколку наврати беше обвинуван дека спонзорира и поддржува импресивен број исламистички терористички организации кои се забранети во Русија, како “Ал Каеда”, “Муслиманско братство”, талибанците, “Исламска држава” и “Фронтот ал Нусра”.
Во меѓувреме, рускиот воен експерт Јури Неткачев фи отфрли шпекулациите дека сириската криза може да ја запали Трета светска војна. Тој е цитиран од “Независимаја газета” и вели дека Саудиска Арабија и Турција нема да се осмелуваат да интервенираат директно во Сирија, но постои веројатност да продолжат да снабдуваат сириски опозициски групи со оружје и пари.
