Да работиш за “Гестапо на ИД”

од desk3
98 прегледи

Ова е приказна која ја открива бруталната суштина на “Исламска држава”: покајан џихадист од Германија ги опишува злосторствата на кои бил сведок во Сирија. Таму тој работел за “тајните служби” на ИД-пишува DW,

0,,18537141_303,00

Новинари од германските медиуми НДР, ВДР и “Зидојче Цајтунг” ја раскажаа приказната на 25-годишниот германски исламист Нилс Д., кој со месеци работел за “тајните служби” на ИД, одговорни за справување со дезертери и дисиденти.

Исповед на еден поранешен џихадист

Нилс Д. ја напушта Германија во 2013 година, а при неговото враќање во јануари 2015 тој е уапсен откако германските служби пресретнале негов телефонски разговор во кој тој рекол дека бил “директно потчинет на самиот Емир”. Осум од вкупно 13-те месеци поминати во Сирија, Нилс Д. служел во т.н. “Сектор за внатрешна безбедност”, нарекуван од германските иследници “Гестапо на ИД”.

0,,18268612_404,00

Сведочењето на Нилс Д. отцртува хорор слика , која се покрива со информациите на други поранешни борци на ИД, како и со приказните на луѓето кои биле киднапирани од исламистите. Нилс Д. тврди дека речиси секојдневно бил сведок на егзекуција и обезглавување. Особено сурови биле казните против дезертери и дисиденти. Нив ги мачеле додека дадат признанија, а потоа ги убивале. Германецот раскажува и за “плоштадот на егзекуциите”, каде што бил измачуван и убиен поранешен командант на “Исламска држава” – за поука на сите кои ја напуштат каузата на џихадисти. А поранешен борец на ИД, за кого се тврдело дека краде, во текот на три дена бил закован да виси на јавно место.

Нилс Д. раскажува дека седиштето на исламскиот “оддел за внатрешна безбедност” се наоѓал во подрумот на поранешна јавна зграда на околу 40 километри од Алепо. Оттаму борците на ИД излегувале само со маски, а плачот на приведените во подрумот луѓе се слушал дури на спротивната страна на улицата, споделува Нилс Д. и тврди дека ќелиите за тортура биле тесни ќелии, во кои може да се стои само исправен.

“Емирот имаше доверба во мене”

Еднаш Германецот видел како дваесетина приведени со врзани раце наназад, биле закачени да висат на шипка провлечена меѓу рацете и телото . Во оваа особено болна поза требало да висат со часови, а Емирот обиколувал околу нив. Друг пат Нилс Д. требало да изврши лично налог на емирот: му заповедал да го закопа трупот на еден измачуван до смрт човек
“Емир очигледно имаше доверба во мене”, вели Нилс Д. пред германските новинари. Во времето кога бил во Сирија, Нилс Д. ги сметал овие казни за фер. Денес тврди дека се покајал.

0,,18585697_404,00
Информации на различни други извори покажуваат дека борците на ИД дејствуваат со голема суровост против сè што тие самите го сметаат за “неисламско” – без разлика дали станува збор за сунитски храмови или за верски малцинства. Кој не ги почитува воспоставените од исламистите правила, треба сурово да биде казнет, ​​се вели и во информации на австриското јавно радио и телевизија ORF. Ударите со камшик се безопасна казна, раскажува маж, кој побарал анонимност, и тврди дека исламистите камшикуваат луѓе дури за такви “престапи” како пушење цигари. На крадците пак им ја отсекуваат едната рака. Мажи кои изневеруваат, се фрлани од висока зграда, а особено болна е смртта на жените, кои го изневериле својот сопруг – ги убиваат со камења. Казните се спроведуваат на јавно место, а луѓето се принудени да присуствуваат на егзекуциите – со цел поука. Џихадисти ги пропагираат радикалните идеи и кај децата. “Целта им е да го посееш семето на омразата во душите на нашите деца”, вели маж, кој побарал анонимност.