Не очекувајте “грмотевица” од Вашингтон, на “шумарот” нашата приказна не му е прва, има доста искуство…!

од desk3
89 прегледи

Политичката состојба во државата се уште на позицијата – сите партии глумат “навредени” и преговарачите седат во партиските седишта. Нема информации дали и кога би седнале повторно на “зелената маса” ,а “истекот од истечениот рок истекува” викендов. Ако нема ништо од прегворите политичките тензии се враќаат на почеток.

21633137568_28b520d7a8

Во меѓу време партсиките кампањи на власта течат како за две неделе да ќе има избори, а опозицијата се труди да ја презентира нивната визија за тоа како би изгледала државата по падот на Власта.

Но во приказнава фали “шумарот”. Медиумите добија информација дека американскиот амбасадор заминал во Вашинтон, за да ги запознае американските челници со политичките позиции власт-опозиција во текот на преговорите. Од него се очекува да биде курирот на властите на САД што да се прави на меѓународен план со Македонија,а веројатно тоа тивко ќе се спроведе . На тоа укажува и фактот дека помошник секретарот Викторија Нуланд беше во Атина, кажа дека треба да се реши името, ама ништо не кажа за политичката криза во Македонија.

Можеби тие имаат интерес политичката криза да се задржи барем еден месец пред самитот на НАТО, за да може набрзина да се состави ново парламентарно мнозинство, кое ќе создаде нова преодна влада која ќе биде составена од сите партии, за да може брзо и без медиумска помпа да се реши “името” и Македонија да влезе во НАТО.

Но сепак Европа не го остава случајот така, за додека го нема “шумарот” партиите да можат да прават што сакаат. Бриселскиот олеснувач Петер Ван Хауте претходно брифираше дека не е исклучена можноста за примена на поостри мерки, како блокирање сметки и забрани за патување во одредени европски земји, кои , како што рече, се покажале како ефикасни во минатото.

Она од што можат да учат македонските политичари од регионално- глобалната политика е дека Западот по никоја цена нема да дозволи инсталирање на било каков, па макар и хибрдиден про-руски режим никаде на Западен Балкан.

А русите се нудат на големо. Кај нас можевме да го видиме тоа по реакцијата на Сергеј Лавров, кога за време на последните политичко-безбедносни потреси во Македонија, обвини дека влошувањето на ситуацијата во државава може да е поврзано со одбивањето на македонската Влада да се приклучи на санкциите кон Русија. Шефот на руската дипломатија тогаш на средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ додаде дека гасоводот Турски тек е уште една од причините за дестабилизација во земјава.

На неговите изјави тогаш “ликуваа” провалдините ПР-и што имаат материјал да играат на проруските чувства на граѓаните.

И ајде да научиме нешто и од регионот. Го имаме Мило Ѓукановиќ во Црна Гора, кој ја претвори малата земја скоро во Мала Русија на Балканот во замена за заштита на земјата но и за неговите бизниси. Арно ама се најдоа паметни западњаци кои го “притегнаа” за неговото криминално 25 годишно владеење (се сеќавате на шверцот на тутун) и наеднаш Ѓукановиќ за заврте играта на Западна страна. Ама тој што дава пари има право да си ги бара ако биде измамен, па затоа вчера самиот Ѓукановиќ изјави дека зад протестите за негово рушење од премиерската позиција стои  Русија.

И еве да ја додадеме сега и српската карта на која игра Вучиќ. се сеќавате на воената парада во Белград каде главна “ѕвезда” беше Путин?

А Груевски во целава ситуација ветува на сите страни, а ништо не остварува.

Западот “не пие нафта” за да си дозволи во некоја мала Македонија некој да сака вечно да биде власт играјќи ја Титовата игра на неврзаните. Играта на Груевски “ни риба ни девојка” не проаѓа во современа американска дипломатија , бидејќи ако самиот приметил западот го ” тапша по рамо” за неговите способности. Ама нели така беше со Гадафи, Милошевиќ, Садам Хусеин (сите овие во еден период беа најверни сојузници на САД), а од кога ја завртеа политиката станаа “диктатори и непријатели на својот народ”. Знаеме сите како завршија!

Останува да чекаме на првата официјална употреба на терминот диктатор, наменет за македонско тло!

 

Филип Ѓурчиновски