Ураганот “Патриција” предизвика помала штета од очекуваното

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Моќниот  ураган од петта степен “Патриција”, кој го погоди пацифичкото крајбрежје на Мексико, предизвика помала штета очекуваното. Ова го изјави шефот на државата на латиноамериканската држава Енрике Пена Нието, пренесува AFP.Hurricane-Patricia-Makes-Landfall-in-Mexico

 

“Со достапните информации досега и со оглед дека феноменот кој  продолжува, првите податоци потврдуваат дека уништувањата се помали од оние кои одговараат на ураган со таква сила” , изјави мексиканскиот претседател во телевизиското обраќање до нацијата

Стихијата направи контакт со копното , дијаметарот на “јадрото” беше десет километри, а ураганот  го достигна највисокиот  пети степен. Во моментов, сепак за жртви и сериозни разурнувања информации не се пријавени, рече националниот координатор на службата за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте. Во некои области на државите Колима, Мичоакан, Нарир и Халиско предвидуваат дека ќе се истури  до 500 милиметри дожд: тоа е нормата за половина година а ќе биде  во наредните 48 часа.Моќниот  ураган “Патриција” донесе силна бура на мексиканското крајбрежје, објави германскиот весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung. Силните ветрови оформија бранови со висина од четири метри, кои го погодија западниот брег на латиноамериканската држава. Во пристанишниот град Манзанило стихијата  искорена дрва и билборди. Максималната брзина на ветрот во пределите на ураганот достигнува 270-297 километри на час.

430x330 (1)

Слика од вселената на најголемиот ураган во историјата на планетата качи во својот профил во Инстаграм американскиот астронаут Скот Кели.  Со поддршка на федералната влада властите во мексиканската држава Халиско евакуираа успешно 28 илјади. Туристи од Порто Валрта, пренесува ТАСС, повикувајќи се на министерот за туризам во регионот Енрике Рамос. “Голем дел од туристите се преместени во засолништа, а околу 1,2 илјади луѓе се транспортирани во Гвадалахара”, изјави Рамос, кој додаде дека околу седум илјади од нив биле странски државјани.