Операцијата на руските воздушно-космички сили во Сирија започна пред три недели. Руски воени авиони извршија веќе 750 воздушни напади против бунтовничките позиции. Сириски офицери констатираат дека воената помош на Русија го зголемува борбениот дух меѓу војниците, владините трупи кои почнаа копнени операции во провинциите Хомс и Хама, водат битки во источните предградија на Дамаск.
Пентагон признава дека противниците на Асад потешко ги задржат освоените населби. “Воините на џихадот” се лошо опремени со оружје, странските платеници бегаат, а локалните симпатизери гледаат како да исчезнат во толпата. За Белата куќа е повеќе проблематично да одвлекува внимание од промените во сириската рамнотежа на моќ.
Администрацијата на претседателот Обама има премногу мал избор: да започне соработка со Русија, или отворено да заземе страна на вооружените исламисти.
Американците држат на памет и уште една опција: Вашингтон има намера да не се меша во настаните во Северна Сиријаза поддршка за неговиот сценарио – земјата да биде поделена на неколку зони, контролирани од противници на Асад. Еден вид специјални енклави за поединечни религиозно-етнички групи од сириското население,нешто слично како при распадот на Југославија.
Американските политичари се одлучија за поедноставен модел на противењето “шиити – сунити”, иако во Сирија Арапите сунити војуваат меѓу себе со не помала ожесточеноста отколку со владините трупи, чиј офицерски корпус вклучува многумина сунити, предани на Асад .
Според податоците на ОН во 2011 година, пред да почне граѓанската војна во Сирија живееле 20,8 милиони луѓе од 33 етнички групи. Апсолутно преовладуваат Арапите, но и тие се делат на различни народности: сириски Арапи (над 14 милиони луѓе), Арапи бедуините од крај пустините (1,59 милиони.), Палестински Арапи (0,59 милиони.), Либански Арапи (0 , 13 милиони.) и други арапски дијаспори (Арапи од северен Ирак, Арапи од Јордан, левантински бедуини).
Независно од долгогодишната близина со исламскиот режим во Иран, Сирија беше меѓу повеќето секуларни држави на Блискиот Исток. “Близината меѓу шиитите” никогаш не беше на прво место во Унијата со Техеран, нешто повеќе – воопшто не се користеше за идеолошки аргумент. Всушност немаше како, бидејќи арапскиот дел од сириското општество, кое го исповеда сунитскиот ислам, го надминува 80 отсто од населението. Алавитите и другите, исто кои зборуваат арапски (севернолевантински дијалект), се малцинство во Сирија и бројат според проценките околу 2 милиони луѓе.
Да додадеме дека при пописите во Сирија алавитите не беа регистрирани како самостојна група. Етничката политика на династијата Асад беше далеку од идеална, но кажи-речи беше стабилен систем, во кој верските и конфесионалните разлики во голема мера се пеглаа од идеите за општа национална свест – во неговите рамки граѓаните се одредуваа на прво место како Сиријци а потоа – како Арапи, Курди, алавити или други.
Владата на Асад се уште има поддршка од голем дел од сунитите. Предводената од САД политика ги занемарува важни специфични карактеристики од структурата на сириското население, ги игнорира суштинските проблеми, покажувајќи кој против кого е таму. Иако Вашингтон располагаше со доволно време за да ги сфати работите; наскоро ќе стане пет години откако Америка чека Дамаск да капитулира во секој момент. Залудно сепак. За огромното мнозинство Сиријци Асад е помалку зло од неговите политички противници.
Суадитска Арабија и нејзините партнери крај Персискиот залив чекаат потврда дека САД и во иднина ќе војуваат против Асад, но не и против радикалните исламисти. Турција, исто така се залага против Асад, но сака да војува со Курдите, а не со бандитски терористички формации.
Друг сојузник на САД – Израел, не се противи против создавањето на курдска држава; повеќе ги плаши сепак изгледите наместо Асад во Дамаск да управуваат старешините на ИД. Европејците се незадоволни од постапувањето на Американците, оддалечувајќи ја можноста да се запре приливот на сириски бегалци во Стариот свет. Американските политичари очигледно се соочуваат со нерешливата за нив задача – треба да им угодат на многу сојузници, чии барања меѓусебно се исклучуваат.
Во целата оваа збрка замислата да биде запрена војната во Сирија преку распарчување на земјата и формирање на неспособни енклави изгледа е обид на САД конечно да избегаат од одговорност за случајот. Блискоисточната политика на Обама се исцрпи. Вашингтон нема конструктивни идеи за Сирија.
