Денеска во рамки на проектот Визијата за Македонија, во 11.55 часот, во објектот на Скопски саем – Скопје, ќе се одржи централна дебата на тема Пристојна работа во ораганизација на СДСМ.
„Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, граѓански здруженија, невладини организации, да земат активно учество на дебата“, се вели во партиското соопштение.
На дебатата, визијата на СДСМ за оваа област ќе ја претстават Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика и Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија.