Софија и 10 регионални града веќе имаат избрани градоначалници во првиот круг. Сите големи партии регистрираат сериозен одлив на гласачи. Ова го покажуваат прелиминарните податоци, јавува БГНЕС.
Градоначалници се избрани: во Софија, Јорданка Фандакова, во Варна Иван Портних во Бургас Димитар Николов, во Стара Загора Живко Тодоров, во Русе Пламен Стоилов, во Велико Трново Даниел Панов, во Благоевград Атанас Камбитов, во Ќустендил Петар паун, во Добрич Детелина Николова во Смолјан Николај Мелемов и во Крџали Хасан Азис.
Втор круг ќе има во Пловдив, Видин, Хасково, Шумен, Сливен и др. Сите партии се губитници Подобро не може да се создаде во моментот, рече премиерот Борисов.
ГЕРБ е прва политичка сила со резултат од 32%. На второ место останува БСП, која заработи 13 отсто од гласовите. ДПС го заземаат третото место со 12%. Следат Реформаторите со 9 отсто, АБВ – со 4, “Атака” и ВМРО – со 3% и НФСБ со 2%
Во споредба со претходните парламентарни избори, кои се одржаа во 2014 година, сите политички партии регистрираа сериозен одлив на гласовите. ГЕРБ има изгубено околу 50 000 гласа, БСП – 12 000, ДПС – речиси 87 000, реформистичкиот блок – 25 000. слични е ситуацијата е и кај помалите партии. Патриотски фронт изгуби 85 000 гласачи, а Атака – 56 000. Има и 221 јавувања и пријави до ДИк и МВР за прекршувања на изборниот процес