Кај легално обезглавуваат, па уште и се лутат- С.Арабија не дозволувала да биде прекорувана за човековите права

од desk3
97 прегледи

Амбасадорот на Саудиска Арабија во Велика Британија го критикуваше нарушувањето на “взаемно почитување” меѓу двете земји, додавајќи дека кралството од Персискиот залив “нема да биде прекорувано од никого”.

430x330
Коментарите на амбасадорот доаѓаат откако Велика Британија го повлече овој месец обидот да обезбеди обука за судск– казнениот систем на Саудиска Арабија, откако се зголемија критиките против состојбата со човековите права во апсолутната монархија.
Саудискиот амбасадор Мохамед Бин Наваф бин Абдулазис зборуваше за економската важност на својата земја за Велика Британија и за вредноста на соработката на Саудиска Арабија за прашањата на безбедноста.

“Ние сакаме оваа врска да продолжи, но ние нема да бидеме прекорувани од никого”, пишува Абдулазис во коментар за британското издание “Дејли телеграф”.
“За да продолжиме и во наредните години да имаме заеднички стратешки интереси, станувајќи заеднички против најразлични закани, од клучно значење е Саудиска Арабија да биде третирана со почит, што таа цврсто и ја дава на Велика Британија”, пишува уште саудискиот амбасадор.

Драстичната и јавна критика не е вообичаена за Саудиска Арабија, која во минатото преферираше тајна дипломатија во односите со своите сојузници, забележува “Фран прес”.

Во Велика Британија постои зголемена загриженост поради неколку случаи поврзани со човековите права во Саудиска Арабија во изминатите неколку месеци.

Во Саудиска Арабија каде владее шеријатот, жените сеуште немаат права, а казните со смрт се извршуваат со обезглавување.