Полска – новиот проблем на Европа (Унгарија и Грција во едно)

од desk3
154 прегледи

 

Во иднина Полска ќе се управува од национално-конзервативната партија “Право и правда”. Ова може да има сериозни последици за целата ЕУ – пишува ДВ .

0,,18805075_303,00

На парламентарните избори во Полска национално-конзервативната партија на Јарослав Качински “Право и правда” извојува убедлива победа.

Владејачката веќе 8 години либерална Граѓанска платформа на премиерката Ева Копач беше принудена да ги отстапи лидерски позиции и да се задоволи со второто место. А ако првичните прогнози се покажат точни, тогаш за прв пат од четвртина век наваму Полска ќе биде управувана само од една партија.

Зошто сепак избирачите ја соборија токму владата, која успеа безбедно да пренесе нивната земја во текот на финансиската криза, благодарение на што денес таа ужива солиден економски раст? Поголемиот дел од жителите на малите гратчиња и села во полската провинција очигледно се почувствувале дека добиле премалку од брилијантни економски развој. А и очигледно либералната Граѓанска платформа страда од недостаток на борбеност и силните политички квалитети на нејзиниот основач и долгогодишен премиер на земјата Доналд Туск, кој се пресели во Брисел.

Има и уште нешто: неуспехот на либералите се должи не само на вообичаеното абење на секоја владејачка коалиција, но и на огромниот скандал со прислушување, кој ја откри ароганцијата и вулгарниот јазик на нејзините политичари.
Тактиката на Качински
Вредната, но премногу бледа наследничка на Туск – премиерката Ева Копач – не успеа да го прекине падот на довербата. Затоа пак мајсторот на политичката тактика Јарослав Качински успеа преку вешти кадровски решенија, добра предизборна кампања и скапи социјални ветувања да ја собере решавачката предност.

Слично на тактиката од претседателските избори од летото, кои изненадувачки беа освоени од непознатиот дотогаш кандидат на “Право и правда” Анджеј Дуда, Качински и сега ги влече конците од далечина. По познатиот веќе манир тој пак се обложи на целосно “ново лице”: на енергичниот и популарен меѓу народот Беата Шидло како водечка кандидатка. Демонстрираната од неа близина на влијателната католичка црква и патриотската реторика , таа освои милиони гласови од круговите на конзервативните католици. За разлика од повеќето западни земји, полската младина исто доживува невообичаено силни симпатии кон конзервативците. Меѓу младите меѓу 18 и 29 години “Право и правда” ужива огромна популарност, а либералната Граѓанска платформа го зазема само четвртото место.

Евентуалното само-управување на “Право и правда” во комбинација со конзервативниот претседател сепак би можело да има сериозни политички последици за цела Европа. Јарослав Качински не крие восхит кон автократското владеење во Унгарија на Виктор Орбан. Освен тоа и Варшава смета дека треба да води тврд курс во бегалската криза – исто како Будимпешта. Јавно британскиот премиер Дејвид Камерон ќе си најде нов сојузник во лицето на евроскептикот Качински.

Кои проблеми можат да настанат?

Идната влада на Шидло, вешто водена од политичкиот нејзин ментор Качински, несомнено ќе се залага уште активно за заштита на полските интереси. Постигнувањето на секакви компромиси, вклучително и во однос на енергетската политика, ќе станува сè потешко. И уште нешто: ако “Право и правда” одлучи навистина да се реализираат најскапитепредизборни ветувања во социјалната сфера, Полска може да тргне по патот кој во подалечна перспектива ќе се претвори во втора Грција.

Не само Брисел, но и Берлин веројатно ќе имаат доста проблеми со новата влада во Варшава. Тука се програмирани најмногу несогласувањата во врска со односот кон Русија. Новото полско раководство ќе инсистира во земјата да има трајно присуство на големи НАТО формации. Ќе се зајакне и антируската реторика, а тоа дополнително ќе ги влоши и онака ледените полско-руските односи. Потресена од кризи Европа најверојатно се здобие со нов проблем.