Вознемирувачко видео: Полицаец брутално истепа црномуреста ученичка пред очите на целиот клас

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Во видеото се гледа како полицаец во едно средно училиште во Јужна Каролија влече и фрла на под ученичка, со што предизвика бес на социјалните мрежи.

Officer-Ben-Fields-assaulting-a-Student-102615

Инцидентот доаѓа откако веќе неколку месеци траат расправи за тоа дали полицијата често непотребно користи сила, а доказ за тоа е зголемениот број на случаи кои во последно време во кои страдаат ненаоружани црнци.

Видеото го снимил друг ученик. На видеото се гледа дека полицаецот Бен Филдс со ништо не беше предизвикан да реагира така насилно. Додека тој ја тепа, другите ученици во класот со наведнати глави, во тишина ја гледаа девојката.

Училиштето засега се воздржува од коментари, само дека инцидентот се истражува.
Портпаролот на шериофот изјави дека тој бил вознемирен поради видеото, но ја предупреди јавноста да не осудува никого додека истрагата не покаже што точно се случило.
Ученичката е уапсена наводно поради вознемирување во училиштето, а потоа набрзо е пуштена.