Крајно време e во дебатата за миграциската политика да ги  вклучиме и самите Европејци, затоа што она што се случува денес не е  одобено  од нив. Ние не сме ги прашале што мислат за ова прашање  граѓаните, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан за  словенечкиот портал Нова24тв.

4479297

На прашањето дали мигрантите можат да ја пробијат унгарската ограда долж границата со Хрватска и Србија Орбан одговори: “Оградата е неуништива, бидејќи е изградена од унгарски затвореници, по нивна технологија”. “Ова за нас е поевтино. На овој начин тие ги покриваат и трошоците за престој во затвор”, рече уште Виктор Орбан и појасни дека барале опрема за оградата од други земји – Шпанија, Германија, Русија и Кина, бидејќи во Европа немало доволна достапност.

“Ова покажува дека Европа не била подготвена за толку голема миграција бран”, истакна уште премиерот.коњи полице

Словенечка коњичка полиција  ги “придружува” мигрантите до автобуси, за да бидат одведени кон центрите за сместување. Покрај притисокот Унгарците нема да  прифатат промена во сопствената култура,  бидејќи тие не прифаќаат паралелни општества, без интеграција, какви што има во некои европски држави со голем број мигранти од муслимански земји. Пред сè треба да го признаеме суверенитетот на народот во решавањето на она општество сака да го живее. Унгарцитет имаат право на почитување на сегашниот начин на живот и очекувам ова нешто да се почитува “, повика Орбан. “За нас, Унгарците, христијанската традиција е многу важна, како и семејството. За нас се вредни и браковите меѓу мажите и жените. Ние сме убедени дека националната свест е нешто добро и тоа не е опасно, за разлика од национализмот”, заклучува Виктор Орбан

Слични содржини