Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да влезе во седиштето на критичната кон владата медиумска групација “Коза Ипек” во Истанбул, пишува турскиот весник “Хуриет”. Властите требало да приложат судска наредба за преземање на контрола над холдингот, наведува весникот.

Image_5077322_407

Настаните се случуваат само неколку дена пред парламентарните избори во земјата на 1 ноември.

Подоцна полицајци успеале да влезат во главната сала на групацијата и да го спречат емитувањето на телевизискиот сигнал. Полицијата, исто така, го блокирала влезот на зградата, запирајќи ги вработените да влезат внатре.

Властите користеле солзавец и водени топови за да ја растераат толпата која се собра пред зградата во знак на поддршка за медиумската групација, во која влегуваат телевизиите “Бугјун” и “Каналтурк”, како и весниците “Бугјун” и “Милет” .

Во исто време, главниот уредник на телевизијата “Бугјун” Тарик Торос изјави дека компанијата не била информирана за претстојните активности.

Судот во Анкара одлучи претходно оваа недела да назначи управа на “Коза Ипек” поради обвинувањата за “учество во активностите на фетулахската терористичка организација” – термин со кој властите го именуваат движењето на опозиционерот Фетулах Ѓулен.

Слични содржини