Џими Картер: Пет земји се потребни за излез од сириската криза

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Го познавам Башар Асад, претседателот на Сирија, уште во времето кога учеше во колеџ во Лондон и сум поминал многу часови да преговарам со него, откако ја презеде функцијата. Тоа често се случувало по барање на Владата на САД при многуте пати кога нашите амбасадори беа земени  од Дамаск поради дипломатски спорови. Башар и неговиот татко Хафез имаа политика да не зборуваат со никого од американската амбасада за време на овие периоди на отуѓување, но зборуваа со мене.

картер

Забележав дека Башар никогаш не се потпираат на свој потчинет за совети или информации. Неговата карактеристика е тврдоглав. За него е речиси невозможно психолошки да се премисли – и сигурно тоа  не го прави кога е под притисок. Пред револуцијата да започне во март 2011 година, Сирија беше добар пример за хармонични односи меѓу нејзините многу различни етнички и религиозни групи, меѓу кои Арапи, Курди, Грци, Ерменци и Асирците, кои беа христијани, Евреи, сунити, алевити и шиити. Семејството Асад управуваше земјата од 1970 година, и беше многу гордо од оваа релативна хармонија помеѓу овие различни групи. Кога демонстрантите во Сирија побараа старт на долгоодложуваните реформи во политичкиот систем, претседателот Асад виде во ова едно нелегално револуционерен напор за соборување на неговиот “легитимен” режим и погрешно одлучи да го искорени преку употреба на прекумерна сила. Поради многу и комплексни причини тој беше поддржан од неговите вооружени сили, повеќето христијани, Евреи, муслимани шиити, алевити и други, кои се плашеа од преземањето на управувањето од радикални муслимани сунити. Изгледите за неговото отстранување беа оддалечена. Центарот Картер е длабоко вмешан во Сирија од почетокот на 80-тите години на минатиот век и ние ги сподеуваме своите знаења внатре со високи функционери во Вашингтон во нашата потрага за зачувување на можноста за политичко решение на брзо растечкиот конфликт. Иако нашите постојани, но доверливи протести, во почетокот САД позиции беше дека првиот чекор за решавање на спорот треба да биде отстранувањето на Асад од позицијата. Оние кои го познаваа, видоа во тоа бесплодно барање, но тоа остана поддржано  повеќе од четири години. Всушност нашето претходно условување о за мировни напори беше невозможно. Кофи Анан, поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, и Лахдар Брахимај, поранешен алжирски министер за надворешни работи, се обидоа да го прекинат конфликтот како специјални претставници на ОН, но  напорите  завршија како неплодни поради некомпатибилноста меѓу Америка, Русија и други земји во однос на статусот на Асад за време на мировен процес.

Во мај 2015 година група светски лидери, познати како Старешините, ја посетија Москва, каде имавме дискусии во детали со американскиот амбасадор, поранешниот претседател Михаил Горбачов, поранешниот премиер Евгениј Примаков, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и претставници на меѓународни тинк-тенкови, вклучувајќи го московскиот гранка на Центарот Карнеги. Тие посочија долготрајна соработка меѓу Русија и режимот на Асад и  за големата закана од Исламската држава за Русија, каде што околу 14% од населението се муслимани сунити. Подоцна го прашав претседателот Путин за неговата поддршка за Асад и за неговите две сесии оваа година со претставници на фракции од Сирија.

Тој одговори дека е постигнат мал успех и тој мисли дека единствениата  вистинска шанса за прекин на конфликтот е кон САД и Русија да се приклучат Иран, Турција и Саудиска Арабија за подготовка на сеопфатен предлог за мир. Тој веруваше дека сите фракции во Сирија, со исклучок на Исламската држава, би го прифатиле скоро секој план, одобрен силно од овие пет земји, како што Иран и Русија го поддржуваат Асад, а другите три ја поддржуваат опозицијата. Со неговото одобрување го предадов овој предлог на Вашингтон. Во последните три години Центарот Картер работи со Сиријците од целиот политички спектар, со лидери на вооружената опозициона група и со дипломати од ОН и Европа за наоѓање на политички пат за излез од конфликтот. Оваа заложба е базирана на извршени од центарот за истражување  факти, за сириската катастрофа,  кои ја откриваат поставеноста на различните фракции и јасно покажуваат дека ниту една од страните во Сирија не може  воено да надвладее . Неодамнешното решение на Русија да го  поддржи режимот на Асад со воздушни напади и други воени сили  и да го зајакне интензитетот на борбите, го  подигна нивото на вооружувањето и може да го зголеми протокот на бегалци во соседните земји и Европа. Во исто време тоа помогна за разјаснување на изборот помеѓу политички процес во кој режимот на Асад и  ја презеде улогата, и продолжувањето  на војната со која Исламската држава станува уште поголема закана за светскиот мир.

Со овие јасни алтернативи петте споменати погоре држави може да формулираат едногласен предлог. За жал, разликите меѓу нив продолжуваат да постојат. Иран наведе серија од вкупно четири поенти пред неколку месеци, и тоа   примирје, формирање на влада на национално единство, уставни реформи и избори. Работејќи преку Советот за безбедност на ОН и обновување  на предлоот г на петте нации, за исполнување на овие цели може да биде најден некаков механизам. Учеството на Русија и Иран, е од суштинско значење. Единствениот попуст од страна на Асад во текот на четирите години војна е отстапката од  хемиското  оружја, и тој  тоа сега го направи  само под притисок на Русија и Иран. На ист начин, тој нема да стави крај на војната  и да прифати попусти наметнати од Запад, но е веројатно да го направи тоа , доколку биде повикан кон тоа од неговите сојузници. Тогаш раководната власт на Асад може да биде прекинато во организиран процес, да биде создадено прифатлива влада во Сирија, а потоа може да се направат заеднички напори за искоренување на заканата од Исламската држава. Потребните отстапки не се од страна на завојуваните во Сирија,туку  од гордите нации, кои тврдат дека сакаат мир, но одбиваат да соработуваат една со друга.

—————–

Џими Картер, претседател на САД (1977-1981). Неговиот коментар е објавен во во. “Њујорк тајмс”.