Што бараат САД во Јужното Кинеско Море?

од desk3
94 прегледи

 

Американскиот брод “Ласен” влезе во акваторија, за која претендира Кина. Тоа беше корисно за сите оние кои се во конфликт со Пекинг, а сигурно ќе ја зајакне и стабилноста на целиот регион-пишува DW.

0,,18807310_303,00

Во Јужното Кинеско Море не само Кина е во конфликт со соседите – таму секој се кара со секогo, има претензиите на речиси сите крајбрежни земји . Кина сепак е единствената држава која би имала доволно моќ да ги стави останатите свршен чин – и веќе ја користи оваа своја моќ за да упатува закани и да ги крши правилата. И ниту една од соседните држави не е во состојба да изврши некој реален отпор.

За некаква рамнотежа меѓу раскараните страни, а оттука и за пребарување на некакво договорно решени, може да се грижат исклучиво Соединетите Американски Држави. Нивниот ескадрилен разурнувач “Ласен” (USS Lassen) влезе во акваторијата, за која Кина тврди дека е нејзина, токму за да покаже дека Вашингтон е подготвен да ја преземе оваа одговорност.

Се разбира, тоа не е несебичен гест, бидејќи САД сакаат уште да покажат дека се сметаат за светска сила и имаат намера да ги бранат своите интереси во регионот. Сепак активностите на Вашингтон помагаат на сите кои се во конфликт со Кина во моментов. Нешто повеќе – иако гласно негодува Пекинг, тие веројатно навистина ќе ја зајакнат стабилноста во регионот.