Обидите на САД да помогнат во соборувањето на сирискиот претседател Башар Асад би довеле до катастрофални последици, се вели во публикација на New York Times, посветена на американската стратегија во Блискиот Исток.
Прво, тоа би повлекло по себе конфликт со Русија и Иран, кои му помагаат на Асад. Второ, дури и Вашингтон да успее да го отстрани Асад од власт, тоа ќе биде од корист, пред сè за Исламска држава и ќе доведе до уште поголемо крвопролевање, пишува весникот.
Белата куќа се однесува скептично кон слични агресивни планови предложени од членовите на Конгресот, како и кон плановите за воведување на безполетни зони над Сирија.
Според New York Times, наместо да претставуваат такви идеи, конгресмените треба да се грижат за сосема друг проблем: предводената повеќе од една година воздушна кампања, вклучувајќи и воздухопловни напади и поддршка на одредени групи востаници, нема правна основа – претседателот води војна без формална дозвола на Конгресот .
Истовремено во плановите на претседателската администрација е распоредување во Сирија на американски копнени сили, констатира весникот.
“По патот на зголемување на својата борбена улога во поширокиот и сложен конфликт, САД се вовлекува во нова блискоисточна војна” – констатира весникот.
При тоа воената кампања на САД против ИД не е приврзана кон некоја разбирлива стратегија, обрнува внимание New York Times.
